вторник, јануари 27, 2026
Дома СВЕТ Контроли, карантин и страв од епидемија: Вирусот Нипа му се заканува на...

Контроли, карантин и страв од епидемија: Вирусот Нипа му се заканува на регионот

97
EPA/THE SUVARNABHUMI AIRPORT OFFICE

Појавата на вирусот Нипа во индиската држава Западен Бенгал доведе до воведување на засилени здравствени прегледи на патниците во неколку азиски земји.

Тајланд започна со проверка на патниците на три меѓународни аеродроми кои примаат летови од Западен Бенгал, додека Непал воведе дополнителни проверки на аеродромот во Катманду и на копнените гранични премини со Индија, објавува Би-Би-Си.

Според локалните здравствени власти, потврдени се пет случаи на инфекција кај здравствените работници во Западен Бенгал, од кои еден е во критична состојба.

Околу 110 лица кои биле во контакт со пациентите се во карантин.

Вирусот Нипа се пренесува од животни на луѓе, како и меѓу луѓе, а стапката на смртност е помеѓу 40 и 75 проценти.

Нема одобрена вакцина или специфичен третман за оваа болест, објавува Би-Би-Си.

Светската здравствена организација (СЗО) го вброи вирусот Нипа меѓу десетте најчести заразни болести поради неговиот потенцијал за епидемии.

Во моментов нема потврдени случаи надвор од Индија.

Тајван ја објави својата намера да го класифицира вирусот Нипа како високо заразна болест, што бара задолжително пријавување и посебни контролни мерки, јавува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ