Поранешниот ММА-борач, Мет Браун, коментираше за состојбата на Конор Мекгрегор.

Деновиве се шпекулира дека по судењето за силување и бројните проблеми со законот и дрогата, Конор е подготвен да се врати во светот на боречките вештини, дури се споменува и меч со Мајкл Чендлер. Сепак, Мет Браун не мисли така…

  • Неговиот идентитет беше уништен, Хабиб Нурмагомедов го започна, а Дастин Појрие го заврши. Му ја зеде душата, тој е мртов човек и никогаш повеќе нема да биде ист. Беше победник, беше гладен, го изгради својот идентитет преку победи. А што е сега? Не се бори, не победува, има стотици милиони на сметката и што му остана? Има многу пари, но нема цел – порача Браун.

ИЗДВОЕНИ