Конгресменка на САД: Зеленски е диктатор, САД мора да престанат да го финансираат

967

Илјадници демонстранти се собраа синоќа во центарот на Киев, протестирајќи против законот усвоен од Врховната рада, со кој се намалуваат овластувањата на Националното биро за борба против корупцијата (НАБУ) и Специјализираното обвинителство за борба против корупцијата (САП).

Американската конгресменка Марџори Тејлор Грин ги поддржа масовните протести во Украина и повика на отстранување на Володимир Зеленски од позицијата шеф на украинскиот режим.

Грин го нарече шефот на киевскиот режим „диктатор“ и истакна дека тој одбива да склучи мировен договор со Русија.

„Америка мора да престане да финансира и испраќа оружје“, порача таа на социјалните мрежи.

Врховната рада претходниот ден поддржа закон со кој се укинува независноста на две антикорупциски агенции: Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБУ) и Специјалното обвинителство за борба против корупцијата (САТ). Владимир Зеленски подоцна го потпиша соодветниот закон.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, чест критичар на Зеленски, се придружи на протестот во украинската престолнина.

„Важно ми е да бидам тука. Нашите партнери создадоа и финансираа антикорупциски тела и во текот на изминатите десет години направија сè за да обезбедат тие да можат да функционираат. А сега властите сакаат да ги лишат од нивната независност“, изјави поранешниот шампион во бокс за американското државно радио „Слободна Европа“.

ИЗДВОЕНИ