Конгресменката на САД, Ана Паулина Луна, објави на своите профили на социјалните мрежи архивски документи за атентатот врз Џон Ф. Кенеди, 35-тиот претседател на Соединетите Американски Држави, кои ѝ ги достави рускиот амбасадор во Вашингтон, Александар Дарчиев.
На својата страница на платформата „Икс“, Луна објави линк до збирка документи насловена како „Атентатот врз американскиот претседател Џон Ф. Кенеди и советско-американските односи“, која ќе биде објавена во ноември од московската издавачка куќа „Историческаја литература“.
Below is the PDF link to the report from the Russian government regarding the assassination of JFK.
Authentication and translation has already begun and translated pages will be released in the coming days. https://t.co/NCLLhXyV9g
— Anna Paulina Luna (@realannapaulina) October 16, 2025
Дарчиев ја прими Луна во својата резиденција на 14 октомври. Според руската дипломатска мисија, амбасадорот ѝ предал на конгресменката дел од архивските материјали собрани од редакцискиот одбор што работел на книгата за атентатот врз Џон Ф. Кенеди. Амбасадата забележала дека публикацијата се базира на декласифицирани советски документи што официјално ќе бидат објавени во Русија во ноември.
Портпаролот на Руската федерална архивска агенција изјави за ТАСС, повикувајќи се на директорот на агенцијата, Андреј Артизов, дека материјалите се подготвени како дел од проектот за објавување документи од периодот на Студената војна и наскоро ќе бидат презентирани во форма на книга насловена како „Атентатот врз американскиот претседател Џон Ф. Кенеди и советско-американските односи“.