Конфликтот меѓу најмоќниот и најбогатиот ескалира! Маск: Трамп би ги изгубил изборите без мене

165

Јавниот конфликт меѓу претседателот на САД Доналд Трамп и милијардерот Илон Маск, кој до минатата недела беше член на администрацијата, вчера драматично ескалира. Маск на мрежата „Икс“ напиша: „Без мене Трамп ќе ги изгубеше изборите, демократите ќе имаа мнозинство во Претставничкиот дом, а републиканците ќе имаа сооднос од 51 спрема 49 во Сенатот“. „Каква неблагодарност“, додаде Маск.

Американскиот претседател Доналд Трамп и милијардерот Илон Маск по успешната четиримесечна соработка во државната администрација, на социјалните мрежи разменија остри зборови и обвинувања. Кавгата која избила дошла по меѓусебни пофалби, а се чини дека причината е предлог-буџетот на Трамп.

Како што објави АП во соопштението на Конгресната буџетска канцеларија (CBO), овој предлог вклучува нов долг од дури 2,4 трилиони долари.

Американскиот претседател Доналд Трамп остро го критикуваше Илон Маск, велејќи дека е разочаран од противењето на јавноста на милијардерот за сеопфатниот закон за намалување на даноците и потрошувачката кои се во центарот на агендата на Трамп.

“Погледнете, јас и Илон имавме одличен однос. Не знам дали ќе продолжиме да го имаме. Тој не кажа ништо лошо за мене лично, но сигурен сум дека тоа е следното. Многу сум разочаран од Илон… Многу му помогнав”, рекол Доналд Трамп во Овалната соба.

Тој, исто така, откри дека жестоките напади на Маск врз законот биле мотивирани од предлогот за укинување на даночните олеснувања за електричните возила. Маск, извршниот директор на Tesla, рече дека се противи на законот бидејќи ќе го зголеми федералниот дефицит.

Трамп посочи дека Маск, кого минатата недела го пофали дека водел кампања за намалување на трошоците во федералната администрација, всушност бил вознемирен што повеќе не работи за него.

„Тој не е првиот, луѓето ја напуштаат мојата администрација. Некои го прифаќаат тоа, а некои стануваат непријателски настроени“, додаде Трамп.

Маск на платформата Икс порача дека не му пречи да ги прекине субвенциите за електрични возила се додека републиканците од законот ја отстрануваат, како што ја нарече, „планината со одвратен отпад“ од предлог-законот, мислејќи на непотребните владини трошоци.

Најбогатиот човек на светот влезе во администрацијата на Трамп со амбициозен план да ги намали федералните трошоци за два трилиони долари. Минатата недела тој си замина бидејќи постигна значително помалку, односно намали само околу половина процент од трошоците.

Маск беше верен сојузник на Трамп, трошејќи речиси 300 милијарди долари за поддршка на републиканците на изборите во 2024 година, а потоа го предводеше Одделот за владина ефикасност (DOGE).

Акциите на Tesla продолжија да паѓаат по критиките на Трамп кон Маск. Цената падна за речиси шест отсто, додека пред одговорот на Трамп беше пониска за околу три отсто.

Јавната расправа меѓу американскиот претседател и Маск се вжештува: Трамп е во документите за Епштајн, обвинува милијардерот

ИЗДВОЕНИ