Конечно почнаа преговорите меѓу Русија и Украина во Истанбул!

87
EPA-EFE/TURKISH FOREIGN MINISTER PRESS OFFICE HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Преговорите меѓу Украина и Русија започнаа во Истанбул, први по 3 години
Преговорите меѓу Украина и Русија за прекин на огнот во Украина започнаа во Истанбул, пренесува Sky news.

Средбата доаѓа набргу откако американските официјални претставници накратко се сретнаа со руската делегација и поради обвинувањата дека Москва се обидува да ги саботира долгоочекуваните мировни преговори со ненадејно барање другите земји да бидат исклучени од разговорите. Разговорите меѓу Русија и Украина се први директни преговори во последните три години.

Украинската делегација ќе разговара за можна средба меѓу Путин и Зеленски на разговорите во Истанбул, објави Ројтерс, повикувајќи се на извор. Истовремено, Киев го смета прашањето за прекин на огнот за приоритет во преговорите со Русија, прецизира агенцијата.

Тоа е втор трилатерален состанок откако претходно денеска се сретнаа САД, Турција и Украина.

Иако светот возбудено очекуваше средба лице в лице меѓу претседателот Володимир Зеленски и Владимир Путин во Истанбул, оваа средба не се одржа, а рускиот лидер испрати делегација во Турција.

Во четврток, на 15 мај, на крајот не се ни одржа делегациската средба, која потоа беше преместена за петок, 16 мај.

Путин најави дека во руската делегација ќе учествуваат помошници и заменици министри, а ќе ја предводи неговиот помошник Владимир Медински.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера ја посети Турција, каде што се сретна со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Зеленски претходно изјави дека ќе се сретне лично со Путин во Турција, а изрази желба и таму да се сретне со Трамп.

ИЗДВОЕНИ