понеделник, февруари 9, 2026
Дома МАГАЗИН Концерт за заокружување на годината: Незаборавен времеплов од црно-бело во боја со...

Концерт за заокружување на годината: Незаборавен времеплов од црно-бело во боја со бендот „Меморија“/ФОТОГАЛЕРИЈА

661

Сцената на култниот МКЦ (некогашниот Дом на млади – 25 Мај), заедно со многубројната публика, долго, долго ќе го памети концертот на легендарната група „Меморија“. Атмосферата скоро наликуваше на оние настани кога најпознатите светски рок-бендови имаат концерт. Вечер максимално исполнета со заедничко, хорско пеење, со многу емоции, спомени, сеќавања… Ретка глетка!

И со многу нивни хитови кои спонтано станаа задолжителна музичка лектира, еве, повеќе од 40 години: „Jано“, „Мотори“, „Нашите слики“, „Снежо, Снежана“, „За добро да е“, „Оган под ѕвездите“, „Зошто Боже“, „Нена“, „За тебе“, “Одам засекогаш“ и секако, мегахитот „Дирлада, јас ќе одам Скопје – Атина….да ја видам мојата Евгенија, само не знам, не знам, дали ќе ја минам граница“. Пееја сите во еден глас, па логично дека секој би се наежил од самата волшебна глетка.

За самиот крај, и тоа не беше случајно, беа оставени песните кои предизвикуваат јасен наплив на патриотски чувства – „Македонија“ и „Македонските бисери“… а, аплаузот не стивна. Напротив! Публиката, во делириум! Луѓето отворено покажаа колку беа желни по нивните песни, по нивниот концерт. Секоја чест не само за фронтменот Петар Георгиевски-Камиказа туку и до секој од поранешните и сегашните членови на „Меморија“.  Д.М. (фото:П.Стојаноски)

ИЗДВОЕНИ