недела, јануари 25, 2026
Дома КУЛТУРА Концерт на „Трио Академико“ во рамки на фестивалот „Златна лира“

Концерт на „Трио Академико“ во рамки на фестивалот „Златна лира“

67

Во Музејот на македонската борба, на 18 октомври во 20:00 часот, во рамките на фестивалот „Златна лира“, концерт ќе се одржи „Трио Академико“. На програмата се дела на Ерик Евејзен, Ернест Блох, Луиџи Занинели, Дмитри Шостакович и на Давор Јордановски.

Камерниот состав „Трио Академико“ (Златка Митева на флејта, Бранко Павловски на кларинет и Наташа Трбојевиќ на пијано) од 2010-тите настапува на значајни подиуми во земјава и во регионот, со програми што воспоставуваат дијалог меѓу класичниот и современиот музички израз, со акцент на промоцијата и интерпретацијата на македонското композиторско творештво. Триото има гостувано во Софија (КИЦ на РСМ), Созопол („Солеј“), Осиек („Интервокс“), како и во Белград, Нови Сад, Прага и Пеќ, градејќи препознатлив ансамбловски звук и стилска доследност. Рецензиите ги истакнуваат нивните настапи како пример за камерна усогласеност, со нагласен дијалог меѓу трите тембри. Составот е активен промотор на македонската камерна традиција, често претставувајќи нови дела од домашни композитори.

Влезот на концертот е слободен.

ИЗДВОЕНИ