„Младите доаѓаат и звукот на идната генерација“ е насловен концертот кој ќе се одржи вечерва (5 јуни), со почеток во 20 часот во Филхармонија. Ова е традиционален концерт на оркестарот на Македонската филхармонија со учениците и студентите од државните музички училишта и факултети. Диригент е маестро Борјан Цанев, а на програмата се дела од  А.Марчело, Е. Бара. Ф.А. Хофмастер, К.М. Вебер, Ф.Лехар, К.Дитерсдорф, Г.Хуе, Х.Виењавски, Д.Мијо, В.А. Моцарт, Ф.Менделсон, Сен-Санс, В.Зубицки и Д.Шостакович. 

Како солисти ќе настапат: Стефан Трајановски – саксофон, Бојан Крстевски – кларинет, Ангела Влинтовска – виола, Боjан Наумовски – кларинет, Деница Дена Стоjаноска – соло пеење, Огнен Златанов  -контрабас, Магдалена Ковилоска – флејта, Божана Гошева – виолина,  Бојан Анакијевски – удирачки инструменти, Давид Петрушев – кларинет, Ѓорѓи Димовски и Григори Ангелов – саксофон, Боjана Митковска – виолина,  Филип Петрески – хармоника и Милица Станковиќ –  пиjано.

Со настапите дома и во странство, а особено со последните гостувања со Краковската, Северночешката, Софиската и Македонската филхармонија, Борјан Цанев останува еден од најбараните диригенти во Македонија и во поширокиот регион. Маестро Цанев ја балансира својата кариера помеѓу сценските настапи и наставата како професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Неговиот 20 годишен ангажман како главен диригент на Македонската филхармонија, одигра исклучително важна улога во квалитативниот раст на ансамблот. Во улогата на наставник и ментор, тој поведе многу генерации на музичари кон нивните професионални патишта дома и во светот. Како добитник на високите признанија „Виртуози – најдобар музички изведувач“ и „Ѓорѓи Божиков” – за најдобра изведба на дела од македонски композитори, тој важи за еден од најпрефинетите музичари во Македонија.

ИЗДВОЕНИ