Концерт на младиот изведувач Јанг Дади

34

Во „Паркот на франкофонијата“ в среда ќе се одржи концерт на еден од најпопуларните македонски млади изведувачи Јанг Дади. Градоначалникот на Општина  Центар, Горан Герасимовски ги поканува сите скопјани утревечер да дојдат на добра музика и забава под отворено небо.

– Летото е најубаво кога го поминуваме заедно. Во Паркот на франкофонија ќе уживаме во музика што носи енергија и радост. Настанот ќе почне во 19 часот со Стела и Сани за најмладите, и во 20 часот ќе продолжи со музичарот Јанг Дади, кој ќе ни подари вечер за паметење. Центар е местото каде што граѓаните се чувствуваат поврзани, среќни и исполнети. Во текот на целиот настан ќе има и аниматор кој ќе се погрижи за атмосферата. Забавата ќе биде за сечиј вкус. Ајде заеднички да ја направиме вечерта незаборавна. Ве чекам –  повикува Герасимовски. 

Настанот е бесплатен за сите граѓани и е во рамки на проектот „На одмор сум, во Центар сум“, во организација на „Паблишер“ и Општина Центар.

 

ИЗДВОЕНИ