Во рамки на 46. издание на фестивалот „Скопско лето“ ќе се одржи концерт насловен „Оперската приказна од најубавите дела на Џузепе Верди и Џакомо Пучини“ со Марија Наумовска – Бакревски (сопран) и Андреја Наунов (пијано).
Пред публиката ќе бидат изведени едни од најпознатите композиции како „Stornello„, „In solitaria stanza“, „Perduta ho, la pace“, „Brindisi“, „Sole e amor“, „Avanti urania“, „Inno a Diana“, „Inno a Roma“.
Билетите по цена од 300 денари ќе се продаваат на влезот на салата во Музејот на македонската борба за самостојност пред почетокот на настанот.