Концерт на гудачкиот квартет „Атака“ на 48. Денови на македонска музика

23

Во Музејот на македонската борба, на 6 октомври, во 20 часот, концерт ќе одржи гудачкиот квартет „Атака“. На програмата се Лука Јанкулоски со Within The Frost Fiedl за гудачки квартет, Бојана Петровиќ Алексова со Гудачки квартет, Ана Пандевска со Цивилизиран примитивизам за гудачки квартет и лента и Стефан Гајдов со Гудачки квартет.

Гудачкиот квартет „Атака“ е формиран во 2022 година и за краток период се наметна како еден од најактивните млади камерни ансамбли на домашната сцена. Составот го сочинуваат Ева Богоевска и Марија Трајковска (виолини), Илза Бафтиари (виола) и Маја Михајловска (виолончело) – музичарки со веќе значајно искуство како солистки и како членки на различни оркестри и камерни состави, со образование стекнато под менторство на реномирани професори во земјата и странство. Од своето основање, квартетот „Атака“ развива јасна програмска ориентација кон современото македонско творештво. Нивните настапи на фестивалот „Денови на македонска музика“ ги истакнуваат како сигурни интерпретатори на камерните дела на македонски композитори од повеќе генерации – од Драгослав Ортаков и Ристо Аврамовски до Јана Андреевска, Валентина Велковска Трајановска и Филип Иванов. Со ваквата активност квартетот се профилира како значаен промотор и афирматор на националниот современ камерен репертоар.

Влезот на концертот е слободен.

ИЗДВОЕНИ