Во рамки на музичко-сценската дејност на НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, на 30 мај, на летната сцена од центарот, со почеток во 20 часот, јавноста ќе има можност да ужива во целовечерен концерт на етно-оркестарот „Александар“,  што доаѓа од Виена по своја иницијатаива.

Етно-оркестарот „Александар“ е првиот оркестар во историјата на Виена кој нуди инклузивен пристап и простор за секој музички ентузијаст, без разлика на родова, национална и каква било друга припадност. Идејата и мотивот кои ги сплотуваат се изучувањето и искусувањето на македонската и балканската традиционална музика.

Оркестарот нуди можност за учество во истиот како на искусни и едуцирани музичари, така и на почетници и ентузијасти заинтересирани за проучување и промоција на традиционалните инструменти и музика.

Мисијата и визијата на ансамблот „Александар“ се посветени на истражување, зачувување и продолжување на богатата македонска, како и на останатата балканска традиционална музика и танц.

Музиката му припаѓа на секој, надвор од какви било ограничувања, е кредото на овој етно-состав.

 

ИЗДВОЕНИ