Kонцерт на Дуња Иванова: „10 Пурпурни Ноктурна“ од Давор Јордановски – македонска премиера во Филхармонија 

15

Во Камерната сала на Филхармонија, на 19 ноември, со почеток во 20 часот, ќе се одржи солистички концерт на пијанистката Дуња Иванова, на кој публиката ќе има можност ексклузивно да го слушне циклусот „10 Пурпурни Ноктурна за пијано“ од истакнатиот македонски композитор Давор Јордановски.

Овој концерт претставува прва македонска целосна изведба на циклусот во живо, по неговото студиско издание, и е значаен настан за современата македонска и светска пијанистичка сцена.

Програмата ги опфаќа десетте пиеси од циклусот: Alma, La romance, Matin pourpre, Alors c’est toi!, Pure, Illusion, Le rêve non gouverné, Violet et noir, Papillon, Elena – дела што ја спојуваат лиричноста, модерната хармонска мисла и впечатливата звучна естетика на авторот.

Настанот е дел од Годишната програма за култура на Град Скопје за 2025 година.

Влезот е слободен.

ИЗДВОЕНИ