По повод денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, на 22 мај (20 ч.) во Домот на АРМ ќе биде одржан целовечерен концерт на АКУД „Мирче Ацев“ од Скопје. Во рамките на програмата ќе настапи академскиот хор „Мирче Ацев“, како и игроорците од сите возрасни групи.

Хорот покрај композициите од странски автори, ќе ги изведе и нумерите „Ајде слушај, слушај, Анѓо“ и „Момиче мало ѓаволо“ од Гајдов, „Орал дедо“ и „Чае Шукарије“ од Шуплевски, како и сплет песни од Тоше Проески.

Игроорците пак, ќе ги изведат женската игра „Тресеница“, сплетот игри „Овчарка“, „Ѓурѓово лето, пролето“, „Жетварка“ и „Пиринско пролетно цвеќе“, како и женската игра „Лазаренки“.

ИЗДВОЕНИ