Камерниот оркестар на музичка младина на Македонија „Саша Николовски-Ѓумар“ вечерва (30 јули) во „Сули ан“, ќе одржи концерт со почеток во 20.30 часот, со кој ќе заврши и годинешното 46. Скопско лето. Со оркестарот ќе раководи диригентот, местро Иван Еминовиќ.
Во рамките на програмата, музичарите ќе ги изведат композициите „Четири годишни времиња“ на Вивалди и Пјацола.