Во Сули ан вечерва, 16. јули, во 20:30 часот, ќе се одржи концерт „Фрида од Македонија“. Ќе настапи Аматерскиот женски хор „Фрида“ под диригентската палка на нивниот раководител Сузана Турунџиева.

Аматерски женски хор „ФРИДА“ е формиран во октомври 2023 година. Основач, раководител и диригент на хорот е Турунџиева – вокален солист и музички педагог.

Во рамките на програмата ќе бидат изведени сплет од песни на групата Boney M, Chan, chan, Una notte a Napoli, Que sera, sera, Dancing Queen, In the jungle…

Хорот го сочинуваат над 100 хористки аматери, со големо хорско искуство, поделени во две групи. Нивниот ентузијазам, талент, креативност, посветеност и желба за групно музицирање е причина повеќе хорот да постави високи цели и предизвици кои за релативно кратко време од неговото формирање им обезбедија настапи на повеќе манифестации од јавен карактер.

ИЗДВОЕНИ