Конате се предомисли во последен момент, пристигна понуда што сè менува

1182
epa12418445 Liverpool's Ibrahima Konate in action during the UEFA Champions League league group phase match between Galatasaray and Liverpool in Istanbul, Turkey, 30 September 2025. EPA/ERDEM SAHIN

И покрај најавата за кам-бек на победничката патека, после поразот од Кристал Палас, фудбалерите на Ливерпул со наведната глава се вратија од гостувањето во Турција. Четата на Арне Слот доживеа минимален пораз од Галатасарај во второто коло од Лигата на шампиони, а многу навивачи го нападнаа Флоријан Вирц по натпреварот, но некои беа вознемирени и од ефентот на Ибрахима Конате.

Французинот едноставно не игра онака како што се очекуваше оваа сезона, му недостасува концентрација и прави многу грешки за време на натпреварите.

Поранешниот играч на РБ Лајпциг е во последната година од договорот со Ливерпул, а многу се зборува дека од следната сезона ќе биде играч на Реал (М).

Откако Вилијам Салиба го продолжи договорот со Арсенал, информациите дека предводникот на „кралскиот клуб“ ,Чаби Алонсо, ќе се фокусира на Ибрахим Конате само се зголемија.

Сепак, според новинарите на „Л’Екип“, има нови моменти кога станува збор за ситуацијата со Конате. Имено, челниците на Ливерпул отвориле преговори со агентот на Конате, но првата понуда не била онаа на која се надевал играчот.

Наводно, пред две недели, Ливерпул му доставил нова понуда на Конате, а сите во клубот биле убедени дека фудбалерот ќе ја прифати понудата и ќе остане на „Енфилд“.

Конате моментално е првиот партнер на Ван Дајк на позицијата централен бек, а Гравенберх и Џо Гомез се потенцијални замени.

ИЗДВОЕНИ