Коњановски: Пречистителната станица со колекторски систем за прочистување на отпадните води е во завршна фаза и е од голема важност за граѓаните

11

Тони Коњановски, актуелен градоначалник на општина Битола од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за градоначалник говореше во дебатната емисија Директно, на телевизија Телма. Коњановски се осврна на прашањата поврзани со животната средина и јавната хигиена и нагласи дека намалувањето на загадувањто се одвива преку конкретни мерки и ќе продолжи во истата насока.

„Јас ќе почнам од она што го имаме реализирано досега. Два огромни, круцијални проекти се одвиваат или се завршени во Битола. Топлификацијата, проект вреден над 40 милиони евра што секако допринесува за зачувување на животната средина, 36 објекти, јавни институции се поврзани на проектот за топлификација“, рече Коњановски.

Коњановски најави дека во најнапредна фаза на изградба е новата Пречистителна станица со колекторски систем за прочистување на отпадните води. Коњановски додаде дека со реални и конкретни проекти се надминуваат проблемите во општината.

„Пред реализација сме на Пречистителна станица со колекторски систем за прочистување на отпадните води. Тоа е фактички нешто што веќе е започнато да се реалзира“, истакна Коњановски.

ИЗДВОЕНИ