недела, јануари 25, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Компиријада 2025 Кратово

Компиријада 2025 Кратово

422

На 25 октомври, на плоштадот „Павел Шатев“ во Кратово ве очекува хармонија од јадења направени од компир.  Во 11:00 часот ќе започне традиционалната  манифестација „Компиријада  2025“.

Посетителите ќе имаат можност да пробаат традиционални и модерни јадења од компир, а ќе се избира најдобар приготвен и највкусен компирски специјалитет.

Освен тоа, ќе биде  организиран натпревар во лупење компири, а сето тоа ќе биде зачинето со музика и со фолклорна програма.

Ќе можат да се проследат настапите на: КУД „Ефрем Каранов“– Кратово и на ансамблот „Керамичар“ од Велес, но и на познатата македонска фолк-пејачка, Ленче Кукиќ.

Нема да бидат заборавени ниту најмладите, кои ќе ги забавува мајсторот на жонглирањето и уличната уметност, Кристијан Бенито.

 

ИЗДВОЕНИ