Американскиот гигант „Мета“ е осуден денеска со одлука од германски суд да му плати 5.000 евра на корисник на „Фејсбук“ заради кршење на европските правила за заштитана податоци, што е одлука која отвора пат на идни тужби.
„Високата“ казна е опрвдана со „фактот дека „Мета“ масовно го прекршува европскиот закон за заштита на податоците со своите „деловни“ алатки дизајнирани за профилирање на корисникот на „Фејсбук“ и на тој начин заработува милијарди по пат на целно огласување, стои во соопштението на Регионалниот суд во Лајпциг.
Практиката го крши европското право бидејќи резултира со речиси постојан надзор на приватниот живот на корисниците, дури и кога тие не се најавени на нивните сметки на Фејсбук или Инстаграм, кои се во сопственост на Мета, соопшти судот.
За разлика од другите јурисдикции во Германија, судот во Лајпциг не се повика на националното законодавство кое се однесува на повреди на приватноста, туку само на европското право.
Мета може да се жали на одлуката.
Европската платформа на американскиот гигант, со седиште во Ирска, систематски пренесува приватни податоци во трети земји низ целиот свет, вклучувајќи ги и САД, каде што се експлоатираат во „размер непознат за корисникот“, рече судијата од Лајпциг.
Судот додаде дека е „свесен“ дека со оваа одлука „ризикува охрабрување на многу корисници на „Фејсбук“ да покренат судска постапка без да докажат конкретна индивидуална штета“.