четврток, февруари 26, 2026
Дома МАГАЗИН Компанија им подели 26 милиони долари работниците: „Понесете дома колку што можете...

Компанија им подели 26 милиони долари работниците: „Понесете дома колку што можете повеќе“/ВИДЕО

54
Фото: X

Кинеска компанија им приреди на своите вработени необична прослава за крајот на годината на која што распореди 26 милиони долари (околу 22 милиони евра) во готово на масите и им дозволи да понесат дома колку што можат.

Станува збор за компанијата Henan Kuangshan Crane Co. Ltd. која ја одржа својата годишна забава на 13 февруари и распореди купишта банкноти на 800 маси. Се проценува дека на прославата имало околу 7.000 луѓе. Според корејскиот дневен весник „Chosun Daily“, еден вработен успеал да однесе дома дури 13.000 долари (околу 11.000 евра). Директорот на компанијата Цуи Пејџун објасни зошто решил да го направи овој потег.

„Во претходните години, подарувавме ѓердани и прстени. Зошто да делиме машини за перење? Донесете готовина и дајте им на сите уште 20.000 јуани (2.200 евра)“, наводно рекол тој за време на празничната вечера, пренесува Index.hr.

„Некои се прашуваат зошто едноставно не ги депонираме парите на нивните сметки, но тогаш тоа би биле само ладни бројки“, додаде тој за необичниот метод на поделба на бонусот.

Куи, кој поседува 98,88 проценти од акциите на компанијата, е познат по тоа што им враќа голем дел од дивидендите на своите работници. Компанијата, основана во 2002 година, се занимава со производство и изнајмување кранови и работи во повеќе од 130 земји. Во 2024 година, оствари нето добивка од 38 милиони долари, од кои околу 24 милиони долари беа распределени на вработените. Една година претходно, во 2023 година, компанијата ги награди своите 40 најдобри изведувачи со 8,5 милиони долари, при што тројцата најдобри продавачи добија по 730.000 долари.

Минатиот март, по повод Меѓународниот ден на жената, речиси 2.000 работнички беа наградени со речиси 230.000 долари бонуси.

„Не е тоа што сакам да делам пари, туку тоа што младите луѓе се оптоварени со автомобилски кредити и станбени кредити, и секое олеснување што можеме да им го дадеме е добредојдено“, објасни Пејџун за своите мотивации.

ИЗДВОЕНИ