Градоначалникот на Општина Чучер Сандево, Саша Коменовиќ со жестока реакција до Стојанче Ангелов кој пред неколку часа тврдеше дека нема ниту една изгорена куќа.
– Директорот не знае што зборува. Јас сум тука трет ден, дома не сум појден, имаме седум опожарени викенд-куќи и на место викано Голиово. Имаме и едно повредено лице, дете кое учествуваше ноќеска во гаснењето на пожарот заврши во болница поради вдишување на чад – изјави Комненовиќ.
Поради големата зафатеност на територијата на општина Чучер -сандево со шумски пожар, Комненовиќ прогласи вонредна состојба се до гаснење на пожарите.