Комисијата за заразни болести препорача самоизолација и здравствен надзор за двајцата заболени од мајмунски сипаници

144

Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство во врска со потврдените два случаи на мајмунски сипаници, на денешниот состанок донесе препорака за самоизолација и здравствен надзор за двете заболени лица.

Дополнително, се следи состојбата на лицата кои биле во близок контакт со заболените и доколку пројават симптоми, истите ќе бидат тестирани за ова заболување во Институтот за јавно здравје.

Комисијата апелира граѓаните да ги почитуваат хигиенските мерки за лична заштита од заразни заболувања, а во случај на евентуална појава на симптоми на ова заболување да се јават кај својот матичен лекар.

Воедно, до матичните лекари ќе се дистрибуира информација за разработената патека за преглед, тестирање и згрижување на евентуалните пациенти.

Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести во континуитет ја следат состојбата и благовремено и соодветно ќе реагираат. Наш приоритет е заштита на јавното здравје.

ИЗДВОЕНИ