Комбинирани патроли одат во теренска посета на населените места во Гевгелија за заштита од пожари и справување со шумски пожари, а патролирањето почна вo четвртокот од селото Негорци врз основа на заклучоците на координативниот состанок одржан на 17 јуни со претставници на институциите за превенција и справување со шумски пожари на територијата на Општината.
– Патролата е составена од претставници на Општина Гевгелија, Дирекцијата за заштита и спасување, полициски службеници од МВР и Општинската организација на Црвен крст Гевгелија. При посетата беа остварени разговори со граѓаните за превентивните мерки кои треба да се преземаат за заштита на населението, а беше доставен и едукативен материјал и беше укажано на важноста секој граѓанин да се вклучи во кампањата и да даде свој личен придонос – се наведува во информацијата од локалната самоуправа.
Патролите ќе продолажат со теренски посети и на останатите населени места во наредните денови како дел од мерките за превенција и заштита на граѓаните.