Комбе кое превезувало работници излета од мост на патот Штип-Радовиш, има загинати и повредени

199

Комбе кое превезувало работници утринава излетало од мостот на Балатилиска Река на експресниот пат Штип-Радовиш. Како што јави Телевизија Стар, неофицијално три лица загинаа, а има и повредени лица.

Неофицијално несреќата се случила поради неприлагодена брзина на патот, дошло до излетување на возилото кое се движело од Струмица кон Радовиш. Телевизија

Во моментов на терен се две возила на Итната медицинска помош, тим од пожарникарите на ТППЕ-Штип и полициски службеници од Полициската станица во Штип.

Во текот на денот се очекуваат детали за оваа тешка сообраќајна.

ИЗДВОЕНИ