Командант на украинските воени сили поднесе оставка поради денешниот руски напад на центарот за воена обука

383
Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Командантот на украинските копнени сили, Михаило Драпати, денес изјави дека поднесува оставка бидејќи се чувствува одговорен за смртта на најмалку 12 украински војници во руски напад врз воен полигон, пренесува „Бета“.

„Одлучив да поднесам оставка од функцијата командант на копнените сили на вооружените сили на Украина“, рече Драпати.

Тој додаде дека ја донел одлуката од лично чувство на одговорност по неколку слични смртоносни напади во последните месеци.

Порано денес беше објавено дека најмалку 12 украински војници се убиени, а повеќе од 60 се повредени во руски ракетен напад врз украински воен центар за обука. Во соопштението се вели дека е формирана истражна комисија за да се утврдат околностите на нападот.

ИЗДВОЕНИ