сабота, јануари 17, 2026
Дома СВЕТ Колумбискиот претседател Петро за затворањето на воздушниот простор на Венецуела: „Тоа е...

Колумбискиот претседател Петро за затворањето на воздушниот простор на Венецуела: „Тоа е директно кршење на суверенитетот“

599
EPA/Carlos Ortega

Колумбискиот претседател Густаво Петро денес ја критикуваше најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за затворање на воздушниот простор над и околу Венецуела, велејќи дека таквите мерки претставуваат „директно кршење на националниот суверенитет“.

Во објава на социјалните мрежи, Петро оцени дека затворањето на воздушниот простор над Венецуела претставува сериозно кршење на меѓународното право, објавува порталот Colombiaone.

„Според кое правило на меѓународното право претседателот на една земја може да го затвори воздушниот простор на друга нација?“, рече Петро.

ИЗДВОЕНИ