Колумбиски земјоделец пронашол 600 милиони долари на својата фарма – можно е да се дел од легендарното „богатство на Пабло Ескобар“

177
Фото:википедија
Колумбиски земјоделец од регионот Атиокија пронашол 600 милиони евра во готовина закопани на неговата фарма додека извршувал земјоделски работи.
Како што пренесуваат колумбиските медиуми, парите би можеле да бидат поврзани со покојниот нарко-бос Пабло Ескобар.

Земјоделецот, кој сакаше да остане анонимен од безбедносни причини, открил дека додека ја обработувал земјата, неколку рѓосани метални буриња закопани неколку метри под земјата во кои се наоѓале неколку стотоци купчиња банкноти, главно американски долари, кои биле совршено сочувани, пренесува шпанскиот весник „Марка“.

Колумбиските власти, откако добиле известување за откритието, отвориле истрага да се утврди точното потекло на парите.

Според првичните претпоставки, парите би можеле да бидат дел од скриените складишта кои картелот Меделин ги користише во 1980-тите и 1990-тите години на 20-сетиот век за складирање на големи количини готовина кои не беше лесно да ги легализираат или преместат.

Ова не беше прв пат да се пронајдат пари на Пабло Ескобар.

На врвот на славата, самиот нарко-бос имаше големи суми пари скриени на фармите и во џунглата. Многу од тие залихи се заборавени по неговата смрт во 1993 година.

Откриетието повторно го разбуди интересот за легендарното „богатство на Пабло Ескобар“, но исто така предизвика и загриженост за безбедноста на земјоделецот и неговото семејство.

Владата на Колубија ја разгледува можност дали да ги заплени 600-те милиони евра и да му додели награда на земјоделецот.

 

ИЗДВОЕНИ