Нуркачи во Колумбија открија голема количина кокаин под брод што се подготвувал да исплови кон Европа, соопшти Колумбиската морнарица.
Членови на екипажот на морнарицата во пристаништето Буенавентура на пацифичкиот брег спровеле подводен преглед на трговски брод што пловел кон Европа, запленувајќи повќее од 200 килограми кокаин, наведуа воени службеници на социјалните мрежи.
„Во текот на подводен преглед во вторникот, нуркачите од станицата на крајбрежната стража пронајдоа седум сонителни вреќи кои беа запечатени и содржеа наркотици“, соопшти морнарицата.
Службените лица објавија фотографии од заплената, на кои се гледаат слики од нуркачите како ја вадат дрогата, како и десетици пакети положени на земја, пренесува „Си-би-ес њуз“.
На снимките се гледаат и осомничените кои се предаваат и се извечени од водата.
Заплената се случи само неколку дена откако Морнарицата објави дека конфискувала повеќе од седум тони дрога од два глисери и уште еден брод, таканаречена „нарко-подморница“, исто така во Тихиот Океан.
Американската администрација за борба против дрога вели дека околу 90 проценти од кокаинот што влегува во Соединетите Држави доаѓа од Колумбија.
Минатиот месец, администрацијата на Трамп објави дека воведува санкции врз колумбискиот претседател Густаво Педро и членовите на неговото семејство, обвинувајќи го дека „дозволува нарко-картелите да цветаат“, објави „Танјуг“.












