недела, февруари 22, 2026
Дома СВЕТ Колумбиската војска се подготвува за потенцијална инвазија на САД

Колумбиската војска се подготвува за потенцијална инвазија на САД

191
Фото:википедија

Колумбиската министерка за надворешни работи, Роза Виљависенсио, денес изјави дека војската на земјата мора да ја брани својата територија и суверенитет во случај на потенцијална инвазија на САД, пренесе „Бета“.

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата ѝ се закани на Колумбија со воена акција, слична на онаа спроведена во соседна Венецуела, која заврши со апсење на претседателот Николас Мадуро.

„Доколку се случи таква агресија, војската мора да ја брани националната територија и суверенитетот на земјата“, изјави Виљависенсио на прес-конференција, објави „Ројтерс“.

Таа додаде дека според меѓународното право, државите имаат право на самоодбрана.

ИЗДВОЕНИ