Колумбија: Автобус со матуранти падна во бездна, најмалку 16-мина загинати

26

 

Најмалку 16 лица загинале во Колумбија кога излетал автобус со матуранти, кои се враќале од училишна екскурзија, од планински пат и паднал во длабока бездна во Колумбија, соопштија локалните власти. Во несреќата имало и голем број повредени, кои биле пренесени во блиските болници.

Несреќата се случила во рурално подрачје со многу кривини и со ограничена видливост. Спасувачките екипи со часови интервенирале на тешкопристапниот терен, користејќи специјална опрема за извлекување на повредените и на телата на жртвите.

Локалната полиција и обвинителството отвориле истрага за да се утврдат точните причини за несреќата. Се испитува дали станува збор за технички дефект на автобусот, човечка грешка или за лоши услови на патот.

 

ИЗДВОЕНИ