Колку трошиме за сметки? Еве каде комуналните услуги се најскапи во Европа

111

Цената на основните комунални услуги – електрична енергија, греење, ладење, вода и собирање ѓубре – драстично варира низ цела Европа, а земајќи го предвид нивото на платите, дури тогаш станува јасно колку всушност трошиме.

Според извештајот „Mapping the World’s Prices“ објавен од Дојче банк, кој опфаќа 67 градови низ целиот свет (од кои 28 се во Европа), Европа доминира на листата на најскапи градови за комунални услуги. Дури 18 од 20-те градови со највисоки месечни сметки се наоѓаат на нашиот континент.

На врвот на листата е Минхен, каде што просечната сметка за комунални услуги е дури 370 евра. Потоа следуваат Единбург (346 евра), Франкфурт (339 евра) и Берлин (333 евра), што ја прави Германија најскапата земја за основни режиски трошоци.

Истанбул е најприфатливиот европски град со сметки од само 68 евра месечно, додека во рамките на ЕУ, Хелсинки е најевтин со 115 евра.

Топ 10 најскапи европски градови:

Минхен – 370 евра
Единбург – 346 евра
Франкфурт – 339 евра
Берлин – 333 евра
Варшава – 327 евра
Виена – 304 евра
Прага – 286 евра
Амстердам – 275 евра
Осло – 271 евра
Лондон – 295 евра

Меѓу неевропските градови, само Тел Авив (245 евра) и Хонг Конг (211 евра) се најдоа меѓу првите 20.

Каде се сметките најниски?

Покрај Истанбул и Хелсинки, пониски трошоци за комунални услуги се евидентираат и во:

Будимпешта и Лисабон – 135 евра
Барселона – 170 евра
Мадрид – 180 евра
Копенхаген – 182 евра
Атина – 197 евра
Милано – 200 евра
Рим – 202 евра

Колку сè стана поскапо?

Од 2020 до 2025 година, сметките значително се зголемија во многу европски градови:

Стокхолм бележи скок од 176%
Осло – 133%
Варшава – 112%
Брисел – 97%
Бирмингем – 96%
Единбург – 93%
Германски градови: околу 50%

Интересно е што само Будимпешта и Копенхаген забележаа пад на цените на комуналните услуги во евра.

Колку од платата оди за комунални услуги?

Во Женева, само 3,2% од просечната нето плата се троши за комунални услуги, додека во Атина тој удел достигнува дури 18,8%. 17,6% се троши во Варшава, додека Монтреал има најнизок процент на глобално ниво – само 2,6%. Во 2025 година, највисоките нето плати во Европа имаат жителите на Швајцарија:

Женева – 7.307 евра
Цирих – 7.127 евра

Најниските просечни плати се регистрирани во Истанбул (855 евра) и Атина (1.044 евра).

Зошто се толку големи разликите?

Цените на комуналните услуги се под влијание на бројни фактори: извори на енергија, владини субвенции, даноци, но и геополитички настани – како што е војната во Украина – кои дополнително го потресоа европскиот енергетски пазар.

ИЗДВОЕНИ