Доколку сакате слатки и топли напивки, тогаш ова ќе биде вистинско уживање за вас доколку сезонава не успеате да уживате во неа. Грееното вино не е само нешто што се пие во пресрет на новогодишните празници. Тоа е пијалак што треба да ве чува и грее во текот на целата зима.
Еднаш неделно притотвувајте си добро греено вино и уживајте во совршената напивка до пролет или додека не попушти студот и мрачните денови без сонце.
Состојки:
5 дл полуслатко црно вино
2,5 дл вода
3 лажици шеќер
1/2 лажиче каранфилче
малку цимет
неколку парчиња портокал
Подготовка:
Растопете две лажици шеќер на тивок оган. Кога ќе пожолти прелејте ги со вода, засилете ја температурата и оставете да проврие.
Потоа додадете уште една лажица шеќер, убаво измешајте и додадете го виното. Кога ќе почне да пени, тргнете го садот од огнот, да не дојде до вриење.
Додадете ги зачините, убаво измешајте и сипете во чаши од дебело стакло, со дршка.
Вареното вино се пие топло, а можете да го збогатите вкусот со парче портокал.












