Жителите прашуваат, но и градските советници, на денешната седница за советнички прашања, го прашаа скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, што, всушност, се случува во јавното претпријатие „Комунална хигиена“ и зошто и покрај дадените субвенции од Град Скопје со последниот ребаланс на буџетот, работниците од ова претпријатие не зеле плата.
– Апсолутно сум свесен дека имаме пропусти, но состојбата сега е далеку подобра од онаа пред да ја преземам функцијата. ЈП „Комунална хигиена“ располагаше со 16 функционални камиони, сега има 50, но се стари од 25 до 30 години и се расипуваат, па има трошоци за нивна поправка. Преку Светска банка, наредната година ќе бидат обезбедени 20 нови возила – образложи Ѓорѓиевски.
Тој истакна дека на почетокот од 2026 година, во јануари, ќе се израмни состојбата со платите на вработените во ова претпријатие
Жителите на скопските населби сè уште се жалат за неажурноста на јавното претпријатие „Комунална хигиена“, односно за нередовното собирање на сметот од кантите, иако скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, вети дека ќе заврши голготата со градското ѓубре.
– Повторно редовно не се собира сметот од кантите на домаќинствата. Веќе неколку недели не поминал камионот на ЈП „Комунална хигиена“. Плаќаме за услуга, а ја немаме. Се презеде акција за чистење на градот, но ми се чини дека беше опфатен, пред сè, центарот, додека подалечните населби останаа нечепнати, па состојбата со сметот во нив остана непроменета – реагира жителка од населбата Ченто.
Во Инџиково, претходно жителите реагираа дека седум недели не било собрано ѓубрето.
КОМУНАЛЦИТЕ НЕ СЕ ИСПЛАЌААТ РЕДОВНО
И градските советниците, на денешната седница за советнички прашања, го прашаа скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, што, всушност, се случува во јавното претпријатие „Комунална хигиена“ и зошто и покрај дадените субвенции од Град Скопје со последниот ребаланс на буџетот, работниците од ова претпријатие не зеле плата.
Ѓорѓиевски образложи дека наследиле катастрофална состојба во сите јавни претпријатија и долг само на Градот од 5,7 милиони евра и дека со долговите на сите јавните претпријатие, тој изнесува вкупно 300 милиони ера, иако, според него, сега само долгот на Град Скопје е намален на 40 милиони евра.
– Апсолутно сум свесен дека имаме пропусти, но состојбата сега е далеку подобра од онаа пред да ја преземам функцијата. ЈП „Комунална хигиена“ располагаше со 16 функционални камиони, сега има 50, но се стари од 25 до 30 години и се расипуваат, па има трошоци за нивна поправка. Преку Светска банка, наредната година ќе бидат обезбедени 20 нови возила – образложи Ѓорѓиевски.
Тој истакна дека на почетокот од 2026 година, во јануари, ќе се израмни состојбата со платите на вработените во ова претпријатие.
Новиот директор на ЈП „Комунална хигиена“, Драги Митковски, информираше дека им се исплатени 10 плати на вработените во претпријатието и дека половина од 11. плата ќе добијат овој месец.
– На почетокот од јануари ќе се затвори 11. плата за веднаш да почнеме со исплата на 12. плата. Претпријатието има долг од 5,8 до 6 милиони евра. Ова што го правиме е со натчовечки напори, исклучително кон вработените – нагласи Митковски.
Тој додаде дека средствата што ги добило ова претпријатие со последниот ребаланс на буџетот се строго наменски, односно се за набавка на нова механизација, а не за исплата на плати.
Советничката Катерина Јовановска упати апел да се вложи напор да им се исплатат платите на вработените.
ПРЕЧЕК НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД СО КАРОЛИНА, ТАМАРА И СО ДРУГИ МАКЕДОНСКИ ПЕЈАЧИ
На советничко прашање дали се подготвува новогодишна прослава, како ќе биде организира таа и дали ќе постават новогодишни куќарки, Ѓорѓиевски обелодени дека, освен китењето, Град Скопје нема да има други трошоци, бидејќи пречекот на Нова година на Градскиот плоштад ќе го организира Државна лотарија на Македонија.
– Како Град Скопје, веќе дадовме согласност за микролокација, а засега можам да кажам дека за забавата ќе бидат ангажирани македонски пејачи, меѓу кои Каролина Гочева, Тамара Тодевска, како и познати изведувачи на народна музика. Три-четири дена ќе има настани за најмладите. За скопјани многу ќе значи да се собереме сите на плоштадот „Македонија“ – потенцираше Ѓорѓиевски.
Сите средни училишта во Скопје ќе добијат фотоволтаици
На седницата на Советот на Град Скопје за советнички прашања, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави дека започнува со целосна енергетска трансформација на образовните институции, односно дека сите средни училишта во Скопје ќе добијат фотоволтаици.

– Секое средно училиште на територијата на градот ќе добие сопствен фотоволтаичен систем до крајот на мојот мандат. Ова е сериозна економска мерка, која ќе значи над 30 % намалување на трошоците за електрична енергија. Токму овој модел успешно го воспоставивме во сите основни училишта во Кисела Вода, а сега го пренесуваме на ниво на цел град – нагласи Ѓорѓиевски.
Тој додаде дека фотоволтаиците се најчистиот и најисплатлив извор на енергија и оти обезбедуваат стабилност, намалување на зависноста од традиционалните извори и одговорно управување со јавните средства.
(А. П.)












