Еден е од најбогатите на Балканот!
Мегаѕвездата Здравко Чолиќ се смета за еден од најдобро платените, најбогатите пејачи на овие балкански простори. Може слободно да избира, каде ќе пее и кому ќе пее. Неодамна заработил фантастични 45.000 евра за само 45-минутно пеење (“тезгарење“) на некоја свадба. Тој не пее по свадбите, но мрсната цифра за тоа кусо време на пејачот му беше неодолива и во целост исплатена.Меѓу другото за настапот на свадбата Чолиќ убаво се дотерал, во бело, но и побарал сцената да се подигне високо од подот, да не можат свадбарите да му здосадуваат. Да нема од напорното фотографирање со гостите, а при тоа да има и силно обезбедување, зборуваат поупатените. Поинаку кажано, Здравко на секоја минута заработил по илјада евра. Така да ако ги сакате песните на Чолиќ, добро ќе платите. “Ко ме воли, нек изволи“, порачува и самиот Здравко.