Олимписките и параолимписките игри во Париз во 2024 година чинеа речиси шест милијарди евра јавни средства, соопшти францускиот ревизорски суд во „првата проценка“.

Според овие податоци, „организациските трошоци“ изнесувале 2,77 милијарди евра, од кои дури 1,4 милијарди евра биле потрошени за безбедност, додека „трошоците поврзани со инфраструктурата“ изнесувале 3,19 милијарди евра.

-Оваа прва проценка добива на значење во контекст на подготовката на Зимските олимписки игри во 2030 година, кои ќе се одржат на Француските Алпи, соопшти ревизорскиот суд, потсетувајќи дека досега не е направена никаква проценка на јавните трошоци за Игрите.

Претседателот на Судот, Пјер Московиси, изјави за радиото „Франс Интер“ во март 2024 година дека конечната сума би можела да биде „помеѓу три, четири и пет милијарди евра“.

Досега беа познати само бројките на Организацискиот комитет (Коџо), кој имаше 4,4 милијарди евра трошоци и 76 милиони евра вишок, главно од приватни извори, како и оние од Солиде (компанијата одговорна за изградба на олимписките објекти), кои делумно беа покриени од јавни средства.

ИЗДВОЕНИ