Koлапс во воздушниот сообраќај во Грција поради сериозни проблеми

350
Foto: Pexels

Грчките власти објавија дека има сериозен проблем во грчкиот воздушен простор, бидејќи од 9.35 часот имаше целосен застој во слетувањата и заминувањата, како на главниот аеродром „Елефтериос Венизелос“ во Атина, така и на регионалните аеродроми низ целата земја.

Проблемот беше предизвикан од пречки во централните радиокомуникациски системи на контролните центри во Атина и Македонија, што доведе до привремено затворање на контролата на воздушниот сообраќај во Атина, објавува ЕРТ.

Како што беше најавено, засега се опслужуваат само летовите што веќе се во воздух, додека повеќето нови летови се пренасочени кон Турција.

ИЗДВОЕНИ