сабота, февруари 14, 2026
Дома СПОРТ ОСТАНАТИ СПОРТОВИ Колапинто доживеа сериозна несреќа (ФОТО)

Колапинто доживеа сериозна несреќа (ФОТО)

196

Возачот на Алпин, Франко Колапинто, доживеа сериозна несреќа за време на вториот ден од тестирањето на гумите на „Пирели“ за 2026 година на Хунгароринг, но помина неповреден, соопштија од тимот.

По Големата награда на Унгарија, тимовите на Алпин, Мекларен, Ред Бул и Ферари останаа во Будимпешта за да учествуваат во тестирањето на новите гуми.

  • За време на тестирањето на гумите на „Пирели“ на Хунгароринг, Франко Колапинто имаше инцидент во кривината 11. По процената во медицинскиот центар покрај патеката, беше потврдено дека Франко е добро, се вели во соопштението на Алпин.

Пирели тестира нови гуми пред сезоната 2026, кога ќе стапат во сила новите технички прописи, вклучувајќи малку помали гуми.

Инаку, Колапинто е единствениот возач кој не освоил ниту еден бод оваа сезона во Формула 1.

ИЗДВОЕНИ