Колач со јаболка и ореви: Феноменално задоволство, уште веднаш подгответе двојна доза

75

Од овој колач уште веднаш ќе посакате репете, па ви предлагаме при првиот обид да направите двојна доза за да го задоволите копнежот за уште едно парче на секој член од семејството.

За пандишпанот:

3 јајца
1 чаша шеќер (една чаша е 2 дцл)
1 чаша млеко
1 чаша масло
2 рендани јаболка
2 чаши гриз
2 чаши мелени ореви
1 кесичка прашок за пециво
1 кесичка ванилин шеќер

Прелив за пандишпанот:

3 дцл млеко
1 чаша шеќер
2 лажици какао

За декорација:

1/2 л слатка павлака
2 лажици шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
100 мелени ореви за посипување

Подготовка:

Вклучете ја рерната на 180 степени да се загрее. Ви треба тава со димензии 38×25. Изматете ги јајцата и шеќерот со миксер, потоа додадете го млекото, маслото и сè нежно измешајте. Измешајте ги јаболката, гризот, оревите, прашокот за пециво и ванилиниот шеќер и додадете ги во претходно изматената смеса. Сè добро измешајте со дрвена лажица и истурете во намастен и набрашнет плех. Печете околу половина час. Додека се пече пандишпанот, истурете го млекото, шеќерот и какаото во тенџере и оставете сè да зоврие. Почекајте пандишпанот да се олади и прелијте го со изладениот прелив. Измешајте ја слатката павлака со 2 лажици шеќер со прстофат ванилин шеќер и декорирајте ја тортата. Посипете ја тортата со мелени ореви. Оставете да отстои малку.

ИЗДВОЕНИ