сабота, февруари 7, 2026
Дома СПОРТ Кол Палмер го напушта Челзи во спектакуларен трансфер?!

Кол Палмер го напушта Челзи во спектакуларен трансфер?!

127
epa12695797 Cole Palmer of Chelsea during the English Premier League match between Chelsea and West Ham United in London, Great Britain, 31 January 2026. EPA/NEIL HALL EDITORIAL USE ONLY. No use with unauthorized audio, video, data, fixture lists, club/league logos, 'live' services or NFTs. Online in-match use limited to 120 images, no video emulation. No use in betting, games or single club/league/player publications.

Стандардниот првотимец, Кол Палмер, би можел да го напушти тимот на Челзи во 2026 година во голем трансфер.  Имено, челниците на Манчестер Јунајтед сакаат да го „нападнат“ Челзи и да се обидат да го доведат Кол Палмер во своите редови.

Како што објавија англиските медиуми, Манчестер Јунајтед има големи планови за наредниот период, а еден од нив е доведувањето на Палмер од Челзи.

Лондонскиот премиерлигаш, кој неодамна го назначи Лиам Розениор за свој нов менаџер на местото на Енцо Мареска, наводно е подготвен да го продаде Палмер.

Тимот од „Олд Трафорд“ го сака Палмер и наводно водел некои „зад сцената“ разговори околу можната понуда за англискиот репрезентативец.

Дури и самиот Палмер е отворен за идејата да го напушти Челзи, но не е откриено за која сума би требало да го напушти клубот и се приклучи на Манчестер Јунајтед.

Доколку „црвените ѓаволи“ успеат да постигнат договор за доведување на Палмер, тоа би бил најголемиот трансфер за клубот, кој минатата сезона заврши на 15-то место во Премиер лигата.

Палмер ја подигна својата игра на навистина високо ниво откако се приклучи на Челзи од Манчестер Сити во 2023 година. Офанзивниот играч за врска постигна 15 гола и додаде осум асистенции во 36 натпревари од Премиер лигата за Челзи минатата сезона.

Репрезентативецот на Англија се мачеше со повреди оваа сезона и не играше многу, и затоа го немаше посакуваниот ефект. Имено, поради проблеми со препоните и скршен прст, тој одигра девет натпревари во Премиер лигата, постигнувајќи три гола, а еден гол постигна и во Лигата на шампионите.

Навивачите на Манчестер Јунајтед се надеваат дека во јануари или барем на лето, Кол Палмер ќе стане нивен нов играч. Од друга страна, навивачите на Челзи се надеваат дека ништо нема да произлезе од оваа шпекулација бидејќи Палмер е еден од најдобрите играчи во нивниот тим.

 

ИЗДВОЕНИ