Американската тенисерка Коко Гоф (21) стана вистинска ѕвезда во сезоната зад нас, а нејзината репутација ја потврдува и фактот дека стана најплатена спортистка годинава. Таа заработи околу 26,6 милиони евра, но дури ни оваа бројка не е доволна за да ги засени приходите на легендарниот Кристијано Роналдо.
Американката заработи навистина голема сума пари, но тоа е деветти дел од она што Роналдо ќе го заработи во 2025 година. Според „Форбс“, португалскиот фубалер инкасирал 240 милиони евра, што го прави најплатен машки спортист во светот по којзнае кој пат. Поточно, Роналдо заврши на врвот на листата по шести пат.
Кога станува збор за Коко Гоф, таа заработи осум милиони евра на теренот, а оваа сезона го освои Ролан Гарос, каде што ја победи Арина Сабаленко во финалето. Гоф го собрала остатокот од парите преку спонзорски договори и други активности надвор од теренот, а најважно е профитабилниот договор со спортска опрема „Њу баланс“.
Арина Сабаленка е на второто место, а на листата на најплатени спортистки има дури 10 тенисерки. На листата се најдоа и скијачката во слободен стил Ајлин Гу (Кина), кошаркарката Кејтлин Кларк (САД), голферката Нели Корда (САД), гимнастичарката Симон Бајлс (САД) и уште една голферка Џино Титикул (Тајланд).












