Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, конечно направи чекор што милиони фанови го чекаа со години – ѝ предложи брак на својата долгогодишна партнерка Џорџина Родригез. Славниот фудбалер избра веренички прстен кој ве остава без здив, а според експертите за накит, неговата вредност е помеѓу пет и десет милиони долари.
Станува збор за раскошен овален дијамант со странични камења, со вкупна тежина на скапоцен камен од приближно 37 карати. Фотографијата од Џорџина со прстенот, објавена на социјалните мрежи, го обиколи светот за рекордно време, а оваа фотографија беше преплавена со пофалби и коментари дека ова е еден од најимпресивните веренички прстени во историјата на спортот.
Златарите го нарекуваат „вистински пример за љубов без компромис“, додека модните критичари беа воодушевени од сјајот со кој Роналдо славно праша: „Дали сакаш да се омажиш за мене?“
Која е Џорџина Родригез?
Џорџина Родригез е родена во 1994 година во Буенос Аирес и пораснала во мал град на североистокот од Шпанија. Таа е во врска со Кристијана од 2017 година, а се запознале една година претходно додека таа работела како асистентка во продавницата на луксузниот бренд „Гучи“.
„Како девојче бев грдо пајче, а се претворив во лебед. Комплексите се бескорисни. Се сакам себеси со сите несовршености – никој не е совршен, но сите сме единствени“, рече таа еднаш.
По завршувањето на средното училиште, се преселила во Мадрид за да се посвети на танцувањето. Подоцна се преселила со родителите во Бристол, каде што студирала англиски јазик.
– Бев и чистачка, ништо не ми беше проблем – признала таа.
Семејство и темно детство
Таткото, Хорхе Родригез, бил Аргентинец и отслужил неколку затворски казни за трговија со дрога. Починал во 2019 година како последица на мозочен удар. Нејзината мајка, Ана Марија Ернандез, наводно живее во Италија денес.
Како се заљубиле Роналдо и Џорџина?
Нивната љубовна приказна започна во „Гучи“, кога Џорџина, како што вели самата, „се стресе цела“ штом ја виде фудбалската ѕвезда. Неколку дена подоцна, тие се сретнаа на модната ревија на „Долче и Габана“, каде што за прв пат имаа неформален разговор. Љубовта се разгоре, а првиот состанок се одржа во ноември 2016 година во Дизниленд.
Поради огромниот интерес на папараците, Џорџина мораше да ја напушти работата во „Гучи“, а тие првпат се појавија заедно јавно на црвениот тепих во јануари 2017 година на доделувањето на наградите на ФИФА во Цирих.
Заеднички живот и семејство
Џорџина изгради одлична врска со семејството на Роналдо, особено со неговата мајка, Марија Долорес дос Сантос Авеиро. Набрзо се пресели во неговата вила во Мадрид.
Во средината на 2017 година беше објавено дека е бремена, а истата година ја добија ќерката, Алјана Мартина – првото заедничко дете на двојката. Во 2022 година, тие доживеаа трагедија кога Џорџина го загуби својот син близнак при породување, додека ќерката Бела преживеа.
Живот на луксуз и договор за обезбедување
Денес, Џорџина живее луксузен живот – патува со приватен авион, плови со јахти, пазарува во најскапите бутици. Таа е со своето семејство во Саудиска Арабија, каде што Роналдо игра за Ал Наср. Според британските медиуми, таа има и договор што ја штити во случај на раскинување – Роналдо би ѝ плаќал 100.000 евра месечно до крајот на животот.
„Многумина не ме сакаат ниту мојот Кристијан. Некое време тоа ме погоди, а потоа сфатив дека без разлика што правам, ќе ме критикуваат. Затоа го живеам својот живот, и единственото нешто што ми е важно е среќата на луѓето што ги сакам“, рече Џорџина.