Последната територија што Данска им ја продаде на Соединетите Американски Држави во 1917 година беа данските Западноиндиски Острови, сега наречени Девствени Острови.
Додека американскиот претседател Доналд Трамп продолжува да инсистира на аквизиција на Гренланд од страна на САД, во медиумите потсетуваат дека американскиот милијардер и осуден сексуален престапник Џефри Епштајн го купил Малиот Сент Џејмс, остров во рамките на архипелагот Девствени Острови, објавува Newsweek.
Малиот Сент Џејмс, попознат како островот Епштајн, никогаш не бил продаден на Соединетите Американски Држави, иако е дел од Американските Девствени Острови.
Во 1917 година, САД ѝ платиле на Данска 25 милиони долари во злато за сопственост на данските Западноиндиски Острови, а потоа ја презеле контролата врз островите сега познати како Сент Томас, Сент Џон и Сент Кро.
Епштајн го купил островот Мал Сент Џејмс во 1998 година, и тој стекнал лоша репутација како место каде што осудениот сексуален престапник извршувал сексуални злосторства.
Островот стана предмет на кривични истраги и граѓански тужби што следеа по апсењето и смртта на Епштајн.
Интересот на Трамп САД да го преземат Гренланд предизвика многу контроверзии и критики, особено во последните денови кога американскиот претседател објави фотошопирана фотографија на социјалните мрежи на која се гледа како го поставува американското знаме на територијата на Гренланд.
Трамп постојано повторува дека го сака Гренланд затоа што е важен за „американската национална безбедност“ и не исклучи голем број опции за да го постигне ова, вклучително и воведување зголемени царини за европските сојузници кои се противат на неговиот план, пренесува Танјуг.












