Којa е мистериoзната љубов на новиот градоначалник на Њујорк? (ФОТО)

509
EPA/SARAH YENESEL

Зохран Мамдани извојува историска победа на изборите во Њујорк и со тоа стана првиот муслиман кој раководи со најголемиот град во Америка.

Веднаш по објавувањето на победата, Зохран одржа говор и упати посебни зборови до својата сопруга Рама Дуваџи.
„До мојата неверојатна сопруга, Рама, хајати“, рече тој, користејќи го арапскиот збор за „мојот живот“.
„Нема никој што би сакал да го имам покрај мене во ова време и во секое време“, рече тој.

 EPA/SARAH YENESEL

Зохран и Рама се венчаа во февруари, а се запознаа преку апликацијата за запознавање, Hinge, во 2021 година, објавува Independent.

Која е Рама Дуваџи?

Рама е сириско-американска уметница која ги користи своите дела за да прикаже политика од Блискиот Исток до имиграциски прашања. Родена во 1997 година и израсната во Дубаи, таа се пресели во Њујорк во 2021 година за да ја продолжи својата кариера откако дипломирала на колеџ во Вирџинија.

Таа не ни сонувала дека истата година ќе го запознае Мамдани.
„Види, сè уште има надеж во тие апликации за запознавање“, рече Мамдани во едно интервју.

Тие организираа раскошна свадба на Менхетен, но и во Уганда, каде што е роден Мамдани.

И покрај нејзиниот познат сопруг, Рама го изгради својот пат. Таа има направено илустрации за The New Yorker и Vogue, а изработува и керамика. За време на кампањата на Мамдани, многумина ја критикуваа затоа што не се огласувала повеќе и била само  „спореден лик“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RAMA DUWAJI (@ramaduwaji)

Ова го принуди сегашниот градоначалник да ја брани својата сопруга.

„Пред три месеци се оженив со љубовта на мојот живот, Рама. Сега, десничарските тролови се обидуваат да ја претворат приказната што треба да биде за сите вас во приказна за неа. Рама не е само моја сопруга, таа е неверојатен уметник кој заслужува да биде познат според свои услови. Можете да ме критикувате, но не и моите ставови“, напиша Мамдани.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RAMA DUWAJI (@ramaduwaji)

ИЗДВОЕНИ