Кој заработува најмногу во Германија?

97
pexels

Во Германија, индиските работници заработуваат најмногу пари, според студијата на Германскиот економски институт. Како што објави ДПА, просечната бруто плата за индиските работници во 2024 година изнесувала 5.393 евра месечно, се наведува во документот, по што следат Австријците со 5.322 евра, Американците со 5.307 евра и Ирците со 5.233 евра.

Германските работници имаат просечна бруто плата од 4.177 евра, додека странските вработени заработуваат просечно 3.204 евра месечно, пренесува „Спутник“.

Институтот наведува дека причината за високите приходи на Индијците е тоа што тие често работат во академски професии во областите на науката, технологијата, инженерството и математиката. Околу една третина од индиските работници со полно работно време на возраст меѓу 25 и 44 години се вработени во овие сектори.

Помеѓу 2012 и 2024 година, нивниот број се зголемил речиси деветкратно, на повеќе од 32.800.

Според студијата, ова се должи на наглото зголемување на бројот на индиски студенти во Германија. Многумина успешно ги завршиле студиите, а потоа останале во Германија и дале придонес во истражувањата, пишуваат авторите на студијата.

ИЗДВОЕНИ