Кој кого тепал? Принцот Хари тврди дека не му го раскрварил носот на неговиот чичко Ендрју

283
EPA/TOLGA AKMEN

Британскиот принц Хари негираше дека му го раскрварил носот на својот чичко, принцот Ендру, за време на тепачка на семеен собир во 2013 година, според новата биографија на војводата од Јорк, од која извадоци објави „Дејли меил“.

Според биографот Ендру Лоуни, расправијата ескалирала во физичка пресметка откако Хари наводно му рекол на својот чичко дека е кукавица затоа што зборува за него зад грб, а не во лице, објави „Гардијан“.

Лоуни тврди дека Ендру го победил во тепачката и завршил со крвав нос пред да се разделат. Биографијата, насловена како „Подемот и падот на Јоркшката куќа“, исто така тврди дека Ендру му рекол на Хари дека неговиот брак со Меган Маркл нема да трае повеќе од еден месец.

Тој наводно ја обвинил Меган дека е опортунист и дека е премногу стара за Хари, додавајќи дека неговиот роднина ја прави најголемата грешка во својот живот и дека требало да го провери нејзинато минато пред да се свршат во 2017 година. Портпаролот на Хари и Меган рече дека принцот Хари и Ендру никогаш немале физичка пресметка и дека вториот никогаш не дал такви коментари за Маркл.

 

ИЗДВОЕНИ