За разлика од претходните сезони, овој пат во Англија нема да имаме еден куп натпревари во текот на празниците и нема да има еуфорија како што е традиционално за „Боксинг деј“. На пример, Манчестер сити играше против Брентфорд оваа сабота (3:0), а до крајот на годината ќе одигра само уште еден натпревар, против Нотингем форест.

Токму затоа менаџерот Пеп Гвардиола им даде слободни денови на своите играчи, но ги предупреди дека ќе има казни дури и ако се здебелат еден грам во текот на оваа кратка пауза во првенството.

  • Вчера ги измеривме сите фудбалери. На 25 декември, кога ќе дојдат повторно тука, ќе ги проверам. Ќе проверам со колкава тежина се појавил секој од нив – рече Гвардиола, јасно ставајќи до знаење дека нема да толерира никаква „палавост“ во текот на празниците и дека затоа неговите играчи ќе мора да внимаваат што јадат.

Инаку, во последните денови се зборуваше дека Пеп Гвардиола би можел да го напушти Манчестер сити на крајот од сезоната. Тој не сакаше да коментира на оваа тема.

Во моментов, Манчестер сити е на второто место на табелата во Премиер лигата, со два бода помалку од лидерот, Арсенал.

 

ИЗДВОЕНИ