Кој ќе реши да излезе ќе мора да плати: Од денеска во Грција нова такса за туристи

1095

Од денес, 21 јули, сите патници на крузери кои ќе одлучат да се симнат од бродот и да посетат едно од грчките пристаништа ќе мора да платат нов данок. Износот на надоместокот зависи од пристаништето и од времето од годината.

Најскапо е во високата сезона на Санторини и Миконос, каде што чини 20 евра. Во другите пристаништа во текот на сезоната таксата е 5 евра, додека вон сезона чини 1 евро.

„Данокот го плаќа секој што ќе го напушти бродот и ќе стапне на копно, но важно е да се напомене дека патниците што остануваат на бродот не се обврзани да го платат“, истакна Александар Сеничиќ, директор на Националната агенција на туристички агенции на Србија.

Патниците го плаќаат данокот само еднаш по остров, без оглед на должината на нивниот престој, без разлика дали остануваат неколку часа или неколку дена.

Плаќањето се врши автоматски на самиот брод. Кога патникот ќе се симне од бродот, системот го регистрира излезот со скенирање на картичката на бродот, а износот се дебитира од неговата сметка и се плаќа заедно со другите трошоци на крајот од крстарењето.

ИЗДВОЕНИ