Битката за титулата во Формула 1 ќе биде решена во последната трка од сезоната, а за неа се борат дури три возачи. По победата на Макс Верстапен на трката за Големата награда на Катар работите околу борбата за титулата се „замрсија“, бидејќи предноста на Ландо Норис во генералниот пласман значително се намали, па не чека вистинско возбудување на последната трка.
Норис сега е на 12 бода пред Верстапен, додека неговиот колега Оскар Пјастре е само 16 бода зад него и сè уште може да се надева на титулата. Сè ќе биде решено претстојниот викенд во Абу Даби, а она што е исто така можно сценарио е да имаме двајца возачи кои се изедначени по бодови. Многумина се прашуваат што тоа значи за шампионската трка…
Знаеме дека Макс Верстапен ја освои својата прва титула во лудото финале на трката во Абу Даби кога го престигна Луис Хамилтон, а сега постои сценарио во кое тој може да биде шампион иако беше отпишан на половина од сезоната. Разликата е 12 бода и дури постои мала шанса Верстапен и Норис да бидат изедначени, и тука започнува конфузијата. На крајот победува оној кој има повеќе победи оваа сезона (имаат по седум победи), па Верстапен би морал да ја добие трката и во тој случај, дури и четвртото место, кое носи 12 бода, нема да му помогне на Ландо Норис во тој случај.
Во случај да бидат изедначени и ниту еден од нив да ја добие оваа трка, победува оној кој има повеќе втори места, а во овој случај тоа е Норис. Тој осум пати беше второпласиран во трките оваа сезона, па Верстапен не би можел да го стигне во тој случај и Британецот би станал шампион.
Што му е потребно на Норис за да ја освои титулата?
Тој ќе ја освои титулата ако заврши на подиумот без оглед на резултатите на Верстапен и Пјастри. Ако не заврши на подиумот и е пред Верстапен и Пјастри, тој исто така ја освојува титулата. Ќе стане шампион исто така и ако заврши со 12 бода помалку од Верстапен и 16 од Пјастри. Во случај на ист број бодови, тој има предност, освен ако Верстапен не триумфира во трката.
Што му е потребно на Верстапен за да ја освои титулата?
Тој ќе ја освои титулата ако победи, а Ландо Норис не заврши на подиумот.
Ако не победи, мора да освои најмалку 13 бода повеќе од Норис, а Пјастри не смее да освои пет бода повеќе од него.
Што му е потребно на Пјастри за да ја освои титулата?
Тој ќе ја освои титулата ако победи, а Ландо Норис заврши под шестото место.
Ако Пјастре заврши втор, Норис ќе мора да заврши десетти или полошо, а Верстапен не смее да заврши на подиумот, за да ја освои титулата.
Секое друго сценарио во кој Пјастри може да ја освои титулата значи дека ќе мора да има 17 бода повеќе од Норис и пет повеќе од Макс.











